Влатко Миладиноски, по неговите песни, не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во странство.
Овој кичевец е еден од поретките естрадни уметници кој не е многу активен на социјалните мрежи.
– Не сум на социјалните мрежи активен, имам само ,, фан пејџ,, која ја води еден мој близок пријател, а инаку сакам директна комнуикација и ми е и побезбедна, изјави во една прилика.
Познатио македонки пејач Влатко Миладиноски денес требаше да одржа голем концерт во својот роден град под мото „Со срце за Кичево“.
На истиот како гости требаше да се појават Анета Молика, Спасен Сиљаноски, Ристо Самарџиев, Сузана Гавазова, Дарко Стојаноски,Дамјан Стојаноски и Јордан Митев.
Но истиот нема да се одржи и ќе сочека на подобри денови, а тоа го објави Влатко Миладиноски кој се огласи на својата фејсбук страница каде што сподели:
На овој ден беше закажан големиот солистички концерт со сите мои гости, пријатели!!
Жалење од сите страни што нема да се одржи сега, овој голем Музички Хепенинг, но сепак мислиме дека ова беше најисправната одлука, иако не бевме во целост среќни со истата..
Здравјето пред сè, а нашата желба за голем музички собир на кој ке може да присуствува секој оној кој што сака,секако дека ке ја оствариме..!!
Чувајте се и бидете ми живи и здрави..! Ве поздравувам од срце и со почит!!!