Германската влада денес ги смени правилата за влез во земјата, вакцинираните или оние кои прележале Ковид-19 нема да мора да бидат тестирани или да одат во карантирани, освен ако не доаѓаат од области со висок ризик каде што преовладуваат различни видови на вирусот.
Според одлуката на владата, невакцинираните лица ќе можат да го напуштат карантинот ако тестот покаже дека тие се негативни на коронавирус.
Воведени се нови правила за олеснување на патувањето во текот на летото, особено за семејствата во кои родителите биле вакцинирани, а децата не.
Правилата важат само за оние кои примиле вакцини одобрени во Европската Унија.
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека очекува државата да започне со издавање на дигитални сертификати за имунитет до крајот на јуни.
Германската влада усвои ново упатство за влез во земјата кое овозможува вакцинираните, оздравените и лицата со негативен тест да можат да влегуваат без обврска за карантин.
Но правилото ќе важи само за лица кои не доаѓаат од земји со висок ризик (на пример Македонија) или земји каде се присутни нови мутации на коронавирусот (на пример Индија). За нив останува обврската веднаш по пристигнувањето да заминат во 10 дневен карантин.
Дополнително, како вакцинирани ќе се признаваат само оние лица кои добиле вакцина одобрена во ЕУ. Во моментов, тоа се вакцините на АстраЗенека, Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон.
За патниците од Македонија која, според Институтот Роберт Кох (РКИ), се уште се води како „високо-ризична“ земја поради високата инциденца на новозаразени, новите мерки нема да донесат големо олеснување на правилата. Дополнително, оние кои се имунизирани со вакцина која се уште не е признаена во ЕУ, нема да можат да се водат како вакцинирани.
Речиси сите балкански држави во моментов се водат како ризични или високо-ризични, со исклучок на Албанија на која од пред неколку дена и е укинат ограничувачкиот статус.
Останатите се водат како „ризични“ или високоризични- односно земји со висока инциденца.За оние кои доаѓаат во Германија од земји со статус „ризични“ повеќе нема карантин, и ќе им биде доволен антиген тест не постар од 48 часа, или ПЦР тест не постар од 72 часа.