Вистинска реткост за денешно време: Младиот 21-годишник Никола од Скопје е успешен фармер

  • By admin
  • октомври 15, 2021
  • 0
  • 2648 Views

Младото 21- годишно момче од Скопје, Никола Богдановски за разлика од многу негови врсници и млади се решил за еден сосема поинаков животен пат.

Богдановски е еден од најмладите фармери во нашата држава која основал и компанија која успешно ја води и се вика Моја фарма.

„Јас се наоѓам во скопското село Кадино, уште од мал сум со животни, но активно почнав да ја зголемувам фармата во последните три-четири години“, вели Никола за Кластер.

Никола како што вели во неговата фарма има голем број на животни и живина. На својата фарма одгледува гуски, шатки, мисирки, свињи, кози, телиња и не планира овде за запре.

Во разговорот со Никола за Кластер.мк тој ни раскажува за предизвиците во оваа работа, но и колку е тешко да си фармер во периодот на корона вирусот.

„Покрај големите цени на пазарот ние се обидуваме да останеме што е можно со најниски цени за да биде задоволен купувачот, а ние да можеме да ги покриеме трошоците“, вели Никола за Кластер.мк и додадава:

„Јас во фармата произведувам прасиња за секаков вид на прослави и за понатамошен тов.Исто така како што ги спомнавме козите, од нив произведуваме домашно козјо млеко и јариња за велигденските празници“.

Во секојдневните обврски за одгледување на домашните животни му помага и неговиот мал брат Богдан, кој ги следи стапките на својот брат.

„Плановите ми се во иднина да направам и да имам што поголема фарма, и да почнам соработки со месари. Со чесна и поштена работа може да се постигне голем успех“, заклучува за крај.

Никола вели дека за неговите производи има интерес од најразлични делови од државата, а за полесен контакт со потенцијалните муштерии го остави и својот мобилен телефон: 078 351 740

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.