(ВИДЕО) Срце да ти се наполни – Македонска песна ечи од сите страни во Букурешт

  • By admin
  • јуни 13, 2021
  • 0
  • 1175 Views

Конечно дојде денот Д за македонската фудбалска селекција, толку посакуваниот прв меч на едно големо натпреварување.

Фудбалската репрезентација на Македонија нема да биде сама на Европското првенство (ЕП), затоа што во Букурешт пристигнаа голем број на наши навивачи и ќе им ја дадат подршката на играчите на Ангеловски.

Баровите се веќе „окупирани“ и грми македонска песна од сите страни. Фановите уживаат во пиво и песна, исто така и се палат факли, па ова Европско првенство ќе биде досега незапаметено, иако сме имале и други настани во ракомет, кошарка, одбојка…

Романските новинари во суперлативи пишуваат за македонската навивачка фаланга, потенцирајќи дека тие уште синоќа ја освоиле нивната престолнина Букурешт, покажувајќи ретко видени емоции и љубов кон државата и фудбалските херои.

Речиси да нема медиум што нема приказна од случувањата во стариот град во Букурешт, каде вчера и денеска е зборното место на сите Македонци, со акцент на нивната лудост бидејќи во радувањето и пеењето не им попречил ниту поројниот дожд.

Во романскиот главен град вчера се случи библиски потоп, поради што беше пролонгиран дури и тренингот на нашите фудбалери, а и денеска временските услови, барем до сега, се идентични.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Игор Ангеловски ги одреди единаесетмината кои ќе истрчаат на Букурешт арената, на историскиот прв натпревар на Македонија на Европските првенства.

Како и што беше очекувано Ангеловски во нападот ќе стартува со двоецот Горан Пандев и Алекс Трајковски. Енис Барди кој беше заразен со корона ќе стартува на мечот во средниот ред заедно со Аријан Адеми.

Македонската фудбалска селекција се наоѓа на нколку час пред одигрување на историскиот меч на едно ЕП.

Наш противник ќе биде селекцијата на Австрија, а на мечот на Националната Арена во Букурешт ќе грми македонска песна.

Македонската фаланга полека од Стари град во Бкурешт се упатува кон арената, а има и организиран превоз со автобус до одредена точка.

До стадионот потоа може да се дојде исклучиво пешки, а македонските навивачи формираат река од луѓе која се слева кон арената.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *