Обвинителството издаде наредба на СВР-Тетово за одземање на целокупната документација во врска со изградбата на модуларната болница, од самата болница, а исто така и од правното лице – изведувачот на изградбата, дознава Алсат од извори во Обвинителството.
Во меѓувреме, сослушани се дел од сведоците од местото на настанот, дел од лекарскиот персонал кој бил присутен во Модуларната Ковид Болница ноќта кога е избувнал пожарот.
Координаторот на Ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини утрово на новинарско прашањето зошто пациентите имале придружба и дали починал некој кој не бил пациент, Нуредини рече дека дополнително ќе се уврдува.
Сепак рече дека најверојатно имало некој кој не е пациент внатре, но можеби бил вработени во Клиниката, а роднина на некој пациент.
– Секоја посета е казн ива. Не може роднина да се грижи за пациент. Ние и порано имавме укажувања дека наводно имало посети. Веднаш пративме известувања до сите служби, да не се дозволува посета.
Дали имало некој случај не знам. Овде има и вработени во ковид клиниката кои доаѓале кај нивни блиски. Некои се и роднини. Сега бараме да ни дадат кои биле роднини и дали биле вработени во ковид центарот, рече Нуредини.
Сослушани се и се сослушуваат и останатите лица кои можат да дадат потребни известувања во врска со настанатиот пожар.
На социјалната мрежи објавено е видео од првите моменти од големиот пожар во модуларната ковид болница во Тетово во која 14 лица од кои 12 пациенти и 2 роднини на пациентите го загубија својот живот.
Видеото е снимено од безбедносните камери на тетовската болница, а на него се гледа со каква брзина се шири пожарот и за само 3 минути целата болница е опколена со прстен од оган.