Започнаa да се редат оставки по настанот во Тетово: Досега три – и од министер

  • By admin
  • септември 10, 2021
  • 0
  • 2179 Views

Директорот на Клиничката болница во Тетово, Флирин Бесими, поднесе оставка по она што на 8 септември се случи во модуларната ковид-болница која однесе живот на 14 лица.

Бесими за оставката соопшти преку социјалните мрежи каде наведува дека чувствува морална и етичка одговорност по трагичниот настан.

Тој истовремено порачува дека очекува истрагата да заврши во најкус можен рок и да се утврдуват причините за пожарот.

Во меѓувреме, прес-конференција вечерва во 19 часот треба да одржи и министерот за здравство, Венко Филипче.

По оставката на Флорин Бесими, директорот на тетовската болница, оставка поднесе и економскиот директор на болницата Артан Етеми.

„Чувствувајќи ја длабоката бол ка од тагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин.

Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана тагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги ск рши нашите срца“ напиша Етеми.

Заменикот министер за здравство, доктор Илир Хасани, преку својот фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата.

-Во вакви сериозни моменти за сите нас, давам оставка како највисок морален чин. Дури и покрај фактот дека немам никаква врска со постапките за модуларните болници, иако немам ништо друго со организацискиот дел,

Оставката е најмал чин што можам да го сторам во овој момент, да ги почитувам жтвите, повредените, мислењето и најчесто самите себе. Ништо над достоинството!, напиша Хасани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *