(ВИДЕО) Мераци за македонската дијаспора: За Анета и Молика нема застој – синоќа во Виена, вечер во Минхен

  • By admin
  • март 12, 2022
  • 0
  • 479 Views

Познатата македонска фолк пејачка Анета и нејзината Молика каде и да се појава секогаш привлекуваа внимание во јавноста, а има и зошто.

За нив не е потребни премногу да се трошат зборови. Ако кажеме дека се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас нема да погрешиме.

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.

Анета Мицевска или попозната во јавноста како Анета Молика секогаш наидува на одобрение кај публиката. За Анета слободно може да се каже дека е најдобриот глас на фолк естрадата, впрочем тоа го кажува и самата публика.

Анета Мицевска Молика, во својата долгогодишна кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада. Токму вокалот е нешто што ја краси најмногу, иако и нејзиниот физички изглед е за десетка.

Анета со својот сопруг Џими во последно време често патуваат, како приватно, така и на професионален пат.

Викендот тие се на мини туренеја во западна европа, поточно во Австрија и Германија каде што живеат и рабоата голем број Македонци.

Анета и Молика синоќа имаа свој настап во Виена кој нашинците таму уште долго ќе го паметат за што сведочат снимките.

Но тие немаа многу време за одмор и се качија во комбе и се на пат за Германија каде што вечер ќе настапат во Минхен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.