(ВИДЕО) Здравко Чолиќ со голем потег за легендарниот Македонец – сето тоа пред неколку илјадна публика

  • By admin
  • август 4, 2022
  • 0
  • 409 Views

За Здравко Чолиќ е општо познато дека важи за еден од најдобрите ако не и најдобра музичка ѕвезда уште од времето на поранешна СФРЈ па се до денес.

Неговиот глас, стас, заводливост, и ден денес пле нат многумина, каде и да отиде ги полни концертите а и многу генерации пораснаа со неговите песни.

Освен што е најголемата поп ѕвезда во регионот, многумина велат дека Здравко Чолиќ е најголемиот џентлмен на естрадата.

Здравко Чолиќ во Македонија е секогаш добредојден гостин, од 1972 година, кога на Скопскиот фестивал ја испеа песната „Мој бол“, преку 2009 година, кога околу 100.000 луѓе се собраа на неговиот концерт на Плоштадот Македонија, со кој се славеше тргање на визниот режим кон земјите на ЕУ.

Пред неколку години на Здравко Чолиќ при гостувањето на Дневникот на Канал 5 му беше поставено прашање како се чувствува бидејќи можеби и за последен пат настапува во држава под официјално име Република Македонија и како гледа на тој момент.

Чолиќ одговори дека ја сака Македонија, Македонците, мисли дека самиот народ тоа треба да го препознае и да одлучи за името.

-Јас сум секогаш за Македонија, за мене секогаш е Македонија како и што беше пред 50-тина години, така и секогаш ќе остане.

Викендов Здравко Чолиќ повторно беше гостин во Македонија, овојпат во Битола каде пееше пред неколку илјадна публика во еден локал.

Во еден момент од настапот Чолиќ пријде на крајот од бината каде во првите редови беш добро познат лик и познаник на пејачот.

Станува збор за еден од најпознатите Македонци во поранешна Југославија, легендарниот менаџер Велибор Џаровски Џаро.

Чолиќ му се поклони и го бакна на раката и притоа порача: Со мене вечерва е мојот голем пријател и менаџер Џаро, еден аплауз за него. Број еден менаџер во Југославија.

Целиот настан го документираше во вид на видео и фото неговата ќерка, познатата новинарка Милиџа Џаровска, a видеото на својот профил го објави и самиот Џаро.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *