(ВИДЕО) Девојка од Австралија за првпат проба ракија, а нејзината реакција го обиколи свето

  • By klaster3
  • април 6, 2022
  • 0
  • 530 Views

Австралиската манекенка Луси Џејд го ​​сподели своето прво искуство со ракија на тикток. И да, може да претпоставите како помина.

Луси ја пробала ракијата по што сосема нормално ја фатило. Девојката не била подготвена за пос ледиците од пијалок во кој содржината на алк охол може да надмине и 60%, а покрај се имала среќа некој да ја снима со камера во вакво состојба.

Благодарение на таа личност, корисниците на тикток добро се насмеале, па од описот на видеото дознале дека Луси малку си поиграла со семејството на својот дечко.

„Ако вашата девојка или жена не е од Европа, не дозволувајте да пие ракија со вашето семејство цел ден“, напишала Луси.

Манекенката откри дека поминала цели седум часа дружејќи се со бабата на нејзиниот партнер со напитокот со кој локалните жители лекуваат душа, разни боле сти, чистат прозорци, ја намалуваат телесната температура..

Видеото на Луси набрзо стана вирално на оваа социјалните мрежи, а коментарите продолжија да доаѓаат:

„Драга, те пуштиле да пиеш раке тно гориво. Секогаш бескрајно се забавуваме кога ги убедуваме пријателите кои не се од Балканот да пробаат ракија без предупредување, а сега знаеш зошто“, напиша една девојка во коментар.

Друга додаде: „Хаха така е кога претеруваш со ракија“, додека додава третиот: „Не си прва, ниту последна што вака поминува после неколку чаши ракија“.

Се уште не е познато од која држава од регионот потекнуваат домаќините кои ја нагостиле. Па не је исклучуваме можноста да биле и Македонци.

За што станува збор и како изгледаше целата реакција на оваа девојка може да погледнете тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *