(ВИДЕО) Во Кавадарци вечерва невидени сцени – Лозари го запалија градот

  • By admin
  • мај 30, 2021
  • 0
  • 4147 Views

Вечерва од Квадарци ни пристигаа несекојдневни сцени за македонски услови, а причината е роденен.

А и тоа каков роденен, на навивачката група „Лозари“ кои слават јубилеј, 30-ти роденен за кој се погрижија да го прослават на еден убав начин.

Навивачката група на Тиквеш, популарните „Лозари“, го прославија 30-тиот роденден со тоа што направија градот да гори во црвено.

Приврзаниците на тимот од Кавадарци го запалија градот со пиротехника, точно во 22:22 часот. Имаше факли и огномети, а благодарение на телевизијата „РТК“ тоа беше пренесувано во живо и сите имаа шанса да го видат шоуто.

Роденденот вечно ќе го паметат затоа што Тиквеш оваа година избори место во Првата македонска фудбалска лига, а ракометниот клуб фати опстанок во ракометната Суперлига.

Кошаркарскиот клуб од градот, пак, Еуро Никел ќе игра финале во мак-баскетот.

Лозари буквално го запалија цело Кавадарци, кое сјаеше од илјада факли на улиците па кавадарчани направија спектакл кој наликува на оној на Торцида од Сплит пред неколку години.

Кавадарчани неодамна го добија најубавиот подарок за својот јубилеен роденден од Тиквеш, кој се врати по 17 години во Првата лига, па славјето е уште поголемо во овој град во Тиквешијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *