(ВИДЕО) Аца Лукас запеа со нашата позната пејачка, атмосферата помеѓу публиката беше на највисоко ниво

  • By klaster3
  • мај 31, 2022
  • 0
  • 389 Views

Фолк пејачот Аца Лукас е еден од ретките луѓе од естрадата кој без влакна на јазикот зборува за сите теми и лесно го кажува своето мислење, колку и да е тоа суро во.

Александар Вуксановиќ со години е на естрадата и важи за еден од најдобрите музичари кој прават шоу и на неговите настапи полни се арените.

Фолкерот Аца Лукас неодамна го ожени својот постар син Лазар, а по тој повод организираше прослава во еден белградски ресторан, каде на забавата покрај семејството и пријателите присуствуваат и неговите колеги.

Тој воопшто не штедеше на паричникот и беше дарелжлив како што пренесуваат соседните медиуми. Во еден момент на музичарите им дал и повеќе од 2.000 евра.

Од неодамна Аца Лукас откри детали од приватниот живот, па призна дека во моментов најголемото занимање му се децата. А одговори и за неговите љубовни поврзувања со стар летите.

– Да не развиваме сега некои теории и филозофии за љубовта, но има вистински љубови кои ти се случуваат многу пати во животот, колку повеќе пати ти се случува толку си посреќен.

– Луѓето не разбираат некои работи. Со години зборуваат како пејачките прават кариера преку кревет, па види, таа не може да спие со секој слушател. Може да сними ЦД, но тоа не е кариера.

Можеби некој успеал да стигне до успех, но кариерата ти ја прави личноста, пеењето, изгледот, многу фактори. Кариера прават исклучиво твоите квалитети и среќата во голем процент, а тоа значи да ја добиеш вистинската песна во вистински момент – изјави Лукас.

Можам да бидам Аца Лукас уште илјада пати, но не можам никого да натерам да слуша музика ако не му се допаѓа. Само затоа што луѓето ме сакаат мене и моите песни, не значи дека ќе ги сакаат и песните на мојот син.

– Покажав како се гради кариера. Сега би можел да бидам доктор на науки, ако има еден факултет каде што би можел да предавам предмет на тема успех – вели Аца.

Пејачот постојано е на настапи и забави, како во Србија, така и во странство, па деновиве е на гости во Македонија. Имено, пејачот е на приватна забава заедно со нашата позната фолкерка Сања Сани Гроздановска.

Покрај соло пеењето, тие двајца испеаја неколку песни во дует. Видеото може да го погледнете овде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *