Венко Филипче откри на која дестинација ќе го помине летниот одмор

  • By admin
  • јули 4, 2021
  • 0
  • 2315 Views

Се наоѓаме во период од годината каде што многумина од нас ги користат годишните одмори да заминат на мора.

Екипата на Канал 5 спроведе анкета меѓу водечките политичари во Македонија на темата каде планираат да го поминат летниот одмор, а поголем дел од нив открија.

Ова лето повеќето од политичарите ќе го искористат одморот во август да ги наполнат батериите пред локалните избори наесен.

Верен на домашниот туризам, шефот на државата Стево Пендаровски една недела ќе одмори на охридските плажи.

Неколку дена после чествувањето на Илинден во Охрид планира и премиерот Зоран Заев, но вели дека со семејството размислуваат да одат и на јадранот, Турција или Грција. Потврди дека останува и планот за кратка викенд-дружба со неговиот поранешен колега Алексис Цирпас некаде околу Атина.

Од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не успеавме да добиеме одговор, а потпретседателот на партијата Владо Мисајловски претпочита одмор до блиска дестинација која нема да биде напорна за пат со автомобил.

Другиот потпретседател Александар Николоски ќе оди во родниот Охрид, но поголем дел од времето ќе се фокусира на предизборието.

Али Ахмети ќе има поразличен одмор од останатите. Како лидер на интегративците кој ја трансформира Демократската унија за ингеграции во зелена партија со заложби за животната средина, ова лето тој ќе го искористи за рекреација – во слободните денови ќе пешачел во природа бидејќи бил страстен планинар.

Бујар Османи, неговиот сопартиец и министер за надворешни работи, по дипломатската набиена агенда, сега крои планови за одмор во жешката Турција, како и сите други политичари во август. Биљал Касами, претседателот на БЕСА, оваа година ја избрал Албанија.

По една година и четири месеци од почетокот на пандемијата и секојдневни активности околу состојбата во Македонија, за првпат на приватно патување надвор од границите на државата ќе оди и министерот за здравство Венко Филипче кој ни одговори дека најверојатно ќе ја избере Грција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.