Велко: Нас државата не заборави одамна, не можеме да опстанеме

  • By klaster2
  • март 19, 2022
  • 0
  • 487 Views

Животот често ни дава предизвици со кои треба да се избориме и да дадеме се од себе, но што доколку не сме способни да се избориме.

И одиме удолу, не секој ја има таа среќа да живее во среќен и хармоничен дом. Кај семејството на Велко и Јелена нивна единствена среќа се децата.

Кој во сета сиромаштија, неизвесност и не среќа им се единствена надеж и смисла за да продолжат за нив и да ги извадат на правиот пат.

Тие живеат во селото Преветици, село во кое има околу 17 куќи но само тие живеат таму за стално, додека има некој кој доваѓаат само за викенд.

Како што велат живеат во запустено село каде единствени пријатли им се кучињата и не дај Боже да ти притреба доктор или нешто слично.

Ќе треба часови за да се стигне до најблиската болница, продавница и некој важен објект, тие немаат ниту превозно средство па се принуден да одат пеш.

– Овде имаме објект за амбуланта, имаме објект за училиште но сето тоа не функционира, а последен пат работело пред повеќе од две децении.

– Само ние живееме овде, потполно сме заборавени од државата, не само ние и сите како мојата состојба, не може да се опстане, вели Велко.

– Овде само со теренско возило може да се пристапи, друго не. Тешко дека од државата ќе добиеме помош, вели разочарано Велко.

– Немам бања, започнав нешто да градам, но попусто кога нема пари а нема и каде да се работи во оваа пустелија, додава тој.

– Живееме без примања, а струјата поради долг ни ја исклучија, некој донатори се обидоа и ни помогнаа за да ни ја приклучат, но тоа не е трајно решение.

Големиот хуманитарец Дејан Милошевиќ не го остави на цедило ова семејство и дојде и ги ислуша а притоа испрати и широк апел во јавноста за помош на ова семејство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *