Васил сам си напиша песна со која ќе настапи на Евросонг за Македонија

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 711 Views

Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев годинава ќе настапи на музичката манифестација со песната ,,Here I stand” за која текстот и музиката ги напишал самиот, а пак аранжманот и продукцијата се на Борче Кузмановски (клавијатурист на Нокаут) и Давор Јордановски.

Песната ќе се снима во студиото ,,Fames” во Скопје, со симфониски оркестар во живо, додека придружните вокали ќе се снимаат во Чикаго, од страна на поранешни членови на Детскиот Хор на Чикаго, каде струмичанецот членувал како дете.

Ова е втора среќа на Евровизија на Гарванлиев, кој беше избран да не претставува и лани, но поради пандемијата настанот беше откажан.
За песната со која ќе не претстави во Ротердам, Холандија, вели дека е напишана во еден здив и е автобиографска.

-Велат дека секој човек си носи барем една песна во себе, ,,Here I stand” е мојата песна што едвај чекам да ја запеам на сцена! Им благодарам на сите кои ме поддржуваат и веруваат во мене – порача музичарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.