Гордана, сопругата на Ице од Битола: И не е прв, а нема ни да биде последен дури сите молчиме

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 559 Views

Познатиот кларинетист Ице Атанасовски денеска почина од компликации предизвикани од коронавирус, а веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи.

„Познатиот музичар-саксафонист, нашиот драг и ценет пријател Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со коронавирусот“, објавија на социјалните мрежи неговите роднини и колеги.

Неговата сопруга Гордана Атанасовска се огласи на социјалните мрежи и изрази револт поради лекарската негрижа во битолската болница.

„Ице Атанасовски си замина синоќа пред полноќ на возраст на која никој не треба да замини. Ице велат почина од короната. Да, но не од болеста, туку од системската корона која владее во проклетијава.

Почина од несовесноста на некои индивидуи во нашава битолска болница, кои го лечеа со терапија за корона, на негативен тест и им требаше 10 дена да откријат дека не му работи срцето 10 дена некој да венее пред нивните очи а тие да поминуваат покрај него, без да се запрашаат, ама чекај, можи е нешто плус…

За по 10 дена кога веќе беше пред умирање да го пуштат Скопје и тоа БЕЗ да го најават како итен случај. Не им ги знам имињата, и не вреди да именувам, тоа се вика системски пропуст, негрижа, нечовечност, затоа што во тие денови поминале 10 доктори на визита… Тоа е она што фали, човечноста и совеста, и она што мојот статус нема ни да го смени за жал. Секоја чест на докторите од Кардиохирургија Скопје кои веднаш извршија оперативен зафат на срцето дадоа се од себе еден месец, ама не издржа.

Доминантно станува збор за микотична сепса и септичен шок .И да, денес од земјава нема еден неверојатен човек и талент заради короната, ама не онаа од која мислите. И не е прв, а нема ни да биде последен дури сите молчиме.. Жалам од дното на душата за сите жртви на оваа проклета СИСТЕМСКА НЕспособност што не е партиска, туку е НЕ човечка. Почивај во мир голем човеку Тоа што го помина ти да не се повтори на никој“, напиша Атанасовска на Фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *