Ване Маркоски распали со прави и порача: Ало патриоти

  • By admin
  • ноември 15, 2021
  • 0
  • 398 Views

Македонската репрезентација за првпат во својата историја ќе игра бараж за пласман на Светско првенство! Сон кој 30 години го сонуваа бројни генерации македонски фудбалери, а кој сега го живее златната генерација која ги носи најголемите радости за Македонија од 2017 година!

А, актуелниот квалификациски циклус за пат кон СП 2022, е и најуспешниот во историјата на нашите репрезентативни настапи воопшто.

Македонија за првпат во еден квалификациски циклус го освојува второто место во групата, за првпат стигнува и до бројката од 18 бода, за првпат е и со пет победи низ квалификациите и со најголем број постигнати погодоци – 23, и најпозитивна гол-разлика од 23-11!

Претходно, најуспешниот наш квалификациски циклус беше оној претходниот за пласман на ЕП 2020 кога во групата го освоивме третото место со 14 освоени бода.

Шкотска, Португалија, Шведска, Русија, Полска, Италија или Швајцарија, Финска или Украина, Велс или Чешка, Норвешка или Турција…, се можните противници на Македонија во бараж пресметката за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Македонската фудбалска репрезентација на 26. ноември од 17 часот во Цирих ќе ги дознае противниците за двата бараж-натпревари за пласман на СП 2022 кои не очекуваат во март следната година.

Баражот ќе се игра согласно новиот модел на ФИФА, нешто слично како и во плеј-офот од Лигата на нации за пласман на ЕВРО 2020, во кој вкупно 12 селекции (10 второпласирани од квалификациските групи и плус уште две репрезентации од Лигата на нации) ќе бидат поделени во три групи по четири репрезентации.

Притоа со ждрепката од Цирих ќе биде одредена во која група ќе е Македонија заедно со уште три селекции. Репрезентациите пред ждрепката ќе бидат поделени во две групи по шест – носители и неносители. Тоа ќе се одлучува врз основа на ефектот од квалификациите, но Македонија ќе биде меѓу неносителите, што значи полуфиналето од баражот ќе го игра на теренот на противникот кој ќе биде од листата носители.

Ако триумфира во полуфиналето македонската репрезентација може финалниот натпревар за пласман на СП 2022 да го игра на домашен терен, што ќе биде одредено исто така на ждрепката на 26. ноември.


Новинарот Ване Маркоски се огласи утрово на својот профил на фејсбук по повод ова и порача:

АЛО патриоти: Прво треба да пишете и се израдувате дека Македонија вчера ПОБЕДИ и оди во бараж, а потоа честитајте на сите останати

Ване очигледно алудираше и мислеше на тоа што многу наши граѓани го слават и величат пласманот на соседна Србија на Мундијалот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.