Бугарските пасоши кај Македонците повторно се на мода: Познато колку во 2020 добиле

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 594 Views

Во Бугарија во текот на една година двојно се зголемил бројот на издадени бугарски пасоши – од 9.314 во 2019 година на 18.446 во 2020 година, од кои околу половината, или точно 9.098 се издадени на граѓани на Република Северна Македонија, тврди бугарскиот весник „Монитор“ повикувајќи се на официјални државни статистики.

По бројноста на извадени бугарски пасоши следуваат граѓани на Украина, Србија Молдавија и Албанија. Дел од пасошите се издадени за деца на Бугари во дијаспората, спортисти, како и на странски бизнисмени кои инвестирале во Бугарија.

Од 2016 до сега бројот на „нови Бугари“, како што ги нарекува весникот, е 53.400, од кои 25.600 се Македонци, 7.200 Украинци, околу 3.800 Молдавци, 3.600 Срби, 2.300 Албанци.

Поради интензитетот и леснотијата во издавањето пасоши Бугарија често е критикувана од Европската комисија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *