Бугарија со олеснување: Од 1 мај влез во државата ќе биде дозволен на три начини

  • By admin
  • април 23, 2021
  • 0
  • 1384 Views

Пред почетокот на летната сезона, државите ги прецизираат условите за влез. Како што стојат работите засега, македонските граѓани без тест ќе може да патуваат во Србија и во Црна Гора.

Од пред неколку дена за влез во Албанија на сите македонски државјани ќе им биде потребен негативен ПЦР тест.

Според најавите, на сите наши граѓани кои сакаат да патуваат во Грција, ќе им биде потребен сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест.

Нашата држава, како што изјави вчера министерот за здравство, Венко Филипче, веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа.

Според најавите што Филипче ги добил од грчкиот министер за туризам Теохарис, тоа се очекува да се случи на 14 мај. Освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР – тест што може да го направат во една од дваесетте лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство.

Денес пристигна вест и за своевидно олеснување за влез и во Бугарија каде што до сега можеше да се влезе исклучиво во негативен ПЦР тест и тоа само преку преминот Деве Бари.

Од 1 мај, влез во Бугарија ќе биде дозволен на три начини – со потврда за вакцинација против Ковид-19; со негативен PCR или антиген тест; со документ за прележана инфекција со коронавирус не постар од шест месеци од датумот на влез во земјата.

Тоа го изјави денеска бугарскиот министер за здравство во оставка Костадин Ангелов.

– Се обидуваме да ги направиме мерките слични на нашите соседни земји и скоро истите што ЕК најверојатно ќе ги воведе за целата ЕУ на крајот на мај со задолжителна регулатива, рече главниот државен инспектор за здравство Ангел Кунчев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.