Благоја Грујовски откако ја слушна младината како пее стари српски кафански рефрени на полуматурска имаше што да каже

  • By klaster3
  • јуни 4, 2022
  • 0
  • 462 Views

Благоја Грујовски е едно од најпознатите музички имиња во фолк музиката во Македонија кој својата музичка кариера ја започнал пред 29 години.

Им ги исполнил желбите на двајцата родители, па станал новинар и музичар, а најмалку се надевал дека ќе земе микрофон да пее, во групата со која настапувал претходно уста не отварал.

Грујовски е познат и по ангажманот во Македонско Радио цели 16 години за кои вели дека му биле многу напорни бидејќи паралелно имал настапи.

Ретко кој знае дека е роден во Белград, дека е дете на студентска љубов, но дека корените му се од Лазарополе. Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените.

Во брак е скоро 13 години со 24 години помладата сопруга Ирена, а претходно беше во брак познатат водителката Татјана Стојановска со која го има синот Матеј.

Грујовски знае понекогаш да сподели нешто на социјалните мрежо, главно од професионалниот живот и настапите, но овојпат на својот Фејсбук профил напиша свое мислење за музиката којашто ја слуша денешната младина, а воедно и побара анализа од другите.

„Полуматурска младина (ги слушам веќе 2 саати) пејат во еден глас стари српски кафански рефрени од 70те и 80те години. Ред по редум. Импресивно.

На мојата полуматура 1977 ние не сме ги знаеле овие песни(јас ги дознав после во војс ка ’81)ниту нѐ интересирале како генерација.

Главни хитови тогаш ни беа Superstition, That’ the way, Message in a bottle, Wish you were here, првите албуми на Дугме, и многу други.

Не сме имале абер дека тогаш постоела таква кафанска музика. Немаше интернет, слушавме радио. На средни бранови. Некогаш успевав да го уловам Радио Луксембург,ноќе.

Радио Скопје пушташе избрана македонска и светска музика. Три Гонга, па Драган Б.Костиќ Па радио Белград исто. Селектирана програма.

Ова што децава сега го пејат надвор,во она време се емитуваше главно на радио Александровац,радио Шабац, на вашари итн. и не допирало до нас. Ама допрело до денешниве ПОЛУматуранти во 2022!

Покрај 4G,5G, Јутјуб, милион музики, правци и стилови во Македонија и белиот свет. Интересна трансформација за 45 години, особено последниве 30. Добар мотив за анализа, ако има заинтересирани аналитичари.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.