Беше прашање на време кога ќе се огласи и Апасиев – испрати силна порака

  • By admin
  • март 29, 2021
  • 0
  • 1029 Views

Како што е познато, лидерите на двете најголеми политички партии, на владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на денешната лидерска средба се договорија пописот наместо од 1 до 21 април да се одложи и да започне од 5-ти до 30 септември.

Како што рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев за да не се поклопи кампањата за локалните избори, тие ќе се поместат наместо во првата половина ќе се одржат во втората половина на октомври.

Лидерите се согласиле попишувачите дотогаш да примат втора доза вакцина и да помине време за да создадат имунитет.

-Во овој момент најважно е здравјето на граѓаните, изјави по средбата Мицкоски. Кампањата ќе почне по 30 септември, во втората половина на октомври ќе биде првиот изборен круг, а во ноември вториот.

На средбата двајцата лидери разговарале за измени на Изборниот законик, на дневен ред на Собрание утре ќе биде прашањето за терминалите за отисок од прст.

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев кој прв и тоа гласно побара одложување на пописот се огласи преку социјалните мрежи.

Апасиев на својот профил на фејсбук објави статус кој за краток период побуди бројни реакции, а во истиот се вели:

Прво одлагање ПОПИС откако сме членка на НАТО.Премиере, ами со курчењево до вчера, шо праиме?

p.s. После добиената прва рунда, ЈАВНИОТ ПРИТИСОК мора да продолжи да се смени и Методологијата за пописот – со носење на комплетно нов закон, со политички консензус! p.p.s. Само обединети можеме против Сатрапот!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *