Бајрамов од Скопје среде зима остана на улица – на студ и снег: Сакам само кров над глава

  • By admin
  • февруари 8, 2022
  • 0
  • 364 Views

Скопските улици веќе со години му се единствениот дом, нема засолниште, а преспива каде ќе најде.

Ова е Камбер Бајрамов кој е бездомник. Тој долги години живее по скопските улици, каде што ќе најде место да преспие.

Преку зима еден месец е сместен во засолништето Момин Поток но вчера му рекле дека треба да го напушти истиот бидејќи таму не може да престојува повеќе од 30 дена.

„Вчера ни кажаа дека мора да си заминеме, сме имале право само 30 дена. Каде ќе одиме ние сега, дали они имаат милост. Дај нека не сместата, нека го прашат бездомниците како живеат. А не да не оставата на милост и да не отфрлат како некои кучиња или сто ка“ вели за ТВ21.

Болен, со стент на срцето и социјална помош од 5 илјади денари тој треба да си обезбеди живот. Тој често е прин уден да проси а често го третираат како кр адец.

Но тој има само едно барање, да има кров над главата, стабилно место каде што ќе може трајно да се смести.

„Нека ми ги одземати тие 5000 социјално само да ми дадат некаде да ја ставам главата под покрив. Јас сум човек во години, 50 и кусур. Не знам веќе кој пат да фатам, каде да се сожалам. Сакам да живеам како секој еден граѓанин во Македонија.“ додаде Бајрамов.

Инаку Бајрамов додава дека има многу луѓе кои им помагаат на лицата како него, но тој бара да се почитува законот за бездомници од надлежните институции каде што се пожалил неколку пати, но ништо не е направено.

Секретарката на Црвен Крст, Сузана Цунева Пауновска за ТВ21 објасни дека бездомниците кои имаат потреба од засолниште можат да се сместат во Чичино село за каде се аплицира преку социјалниот центар, но на некои тоа не им се допаѓа и затоа не прифаќаат, додава таа.

Пауновска вели дека за декември, јануари и февруари имало соби за издавање за бездомници поради пандемијата.

Инаку бездомниците во пунктот Момин Поток можат да ги добијат сите потребни услуги два пати неделно, а 24 часа преку зима и таму можат да преспијат поради ниските температури.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.