Македонскиот репрезентативец Барди доби четири месеци зад решетки

  • By admin
  • февруари 8, 2022
  • 0
  • 314 Views

Фудбалската репрезентација на Македонија ги бележи најголемите успеси од постоењето во изминатите неколку години.

Откако се пласиравме и настапивме на Европското првенствот сега сме на чекор и до пласман на фудбалскиот Мундијал.

Во март ни претстои првиот бараж, а за противник го имаме составот на Италија. Мечот е закажан во Сицицилја, поточно во Палермо.

Еден од клучните играчи во нашиот тим во отсуство на Елиф Елмас се очекува да биде Енис Барди кој со години успешно настапува во Шпанија.

Меѓутоа фдбалерот на Леванте се соочи со законот во Шпанија неодамна, па сега дозна што доби од тамошните власти.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди од судот во Валенсија доби четири месеци зат ворска каз на затоа што возел без возачка, за која патем, никогаш и немал положено.

Според пишувањата на весникот „Лас Провинциас“, Барди ја прифатил одлуката, откако на судењето признал дека документот што и го покажал на локалната полиција на Валенсија биле непостоечки.

Судијата ја ублажи активната зат ворската ка зна и ја заменил со условна од две години со опомена дека истата ќе се активира доколку играчот од средниот ред повторно направи кривично дело.

Барди во април минатата година бил запрен во рутинска контрола возејќи Порше Панамера во северниот круг на градот.

Откако ја побарал документацијата за автомобилот и возачката дозвола, еден од локалните полицајци потврдил дека вториот документ не ги задоволува безбедносните стандарди.

Агентот можел на прв поглед да утврди дека возачката дозвола е испечатена на формат на пластична картичка.

Освен тоа, полицијата открила дека недостасуваат и други безбедносни ознаки откако го прегледале документот со ултравиолетова светлина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *