Баба Ратомирка: Младите одат само по салони за убавина, а не знаат ни една супа да сварат

  • By klaster2
  • мај 8, 2022
  • 0
  • 389 Views

Цела Пожега ја знае Ратомирка од Врањани под прекарот Саја. Жена која скоро целиот свој живот го поминала по нивите и тезгите.

Има збор- два за накитените жени. Само ги замислува тие госпоѓи и би ги прашала нивните сопрузи кога ќе јадат нешто зготвено, а не во ресторан или подготвено, дали им здосадила супата од кесичката.

– Порано се сееја хектари и хектари но денес вештачки се прави се. Младите што останаа по селата денеска немаат време за садење.

– Цел ден зјапаат во телевизорот и телефонот. А дамите од градот се навикнати да пазаруваат по продавници- си ја отвори душата Саја.

Не се сите жени исти, вели таа, има доста вредни жени , посветени на домот и семејството, како нејзината снаа, која ја пречекува.

– Денешнава младите, со повеќе практикува да си купи готово, едноставно не сака да се ма чи да готви нешто. Ги гледам од продавница во продавница, од поскапо на поскапо…

– До нејзе стои нејзиниот сопруг, кој ја стиска картичката за плаќање и се појавува напред само кога треба да се плати.

– Денешниве немаат поима низ што се морале да поминат нивните родители, баби, дедовци и слично за да дојдат до ова што се денес.

– Се помалку се движат пешки, некое си растојание што е околу 200- 300 метри го поминуваат со автомобил и тоа им е во главата.

– Се омажив на 16 години. Третиот ден по свадбата, свекор ми ги впрегна воловите и отиде во Пожега да најде даски. Во три часот станавме и тргнавме од Врањани на пазар, се присетува бабата.

На сите страни никнуваат салони за убавина, тие салони имаат најмногу работа, како убавината да се продава и купува.

Никогаш не сум била убава, но јас и мојот по коен сопруг Момчило купивме три нови трактори и четири автомобили директно од фабриката за сите години заедно.

Ја напуштивме старата куќа изградена во 1954 година и изградивме нова во 1985 година. Како од што? Од работа, и само работа вели Ратомирка Саја Марковиќ за ,,Блиц.рс”

Таа напомена дека денес младите не знаат ништо да стекнуваат и да направат, само прашуваат што наследиле од своите предци.

Сега одат во кафулиња со пријателите, а на свекрвата и се јавува да ги чува децата, за жал тоа е реалноста на денешницата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.