Специјализирана Болница Геријатрија преку својот профил сподели емотивно писмо на една нивна пациентка кое допре до многумина, а во истото се вели:
Порака од Баба Милица, пациент во нашата ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје која имаше желба да ја објавиме јавно.
“Пандемија Ков ид 19”. Пандемијо,пандемијо,зошто стави рака на деца, млади, стари, пензионери и на цела популација во нашата мила Македонија и целиот свет.
Господи, со твојата племенита душа, спаси ги сите луѓе од нашата библиска земја и целиот свет. Да помине оваа кат астрофа, која растажи многу семејства без разлика на пол, нација вера.
А посебно заштити ги медицинските лица, доктори, сестри, болничари, хигиеничари, социјални работници и сите здравствени работници кои ни се единствена светла точка за да ја победиме оваа пандемија и да зачекориме смело во градови и села.
Господи, подари им здравје, среќа и благосостојба во нивните семејства. Секогаш си бил голем и силен да помагаш на сите луѓе во добро и зло, во несреќа и радост во секое семејство.
Ве почитува и сака пациент Милица Трајановска соба 403. Благодариме за топлите зборови.