Трифун Костовски се огласи и им се обрати особено на оние на таканаречените патриоти

  • By admin
  • март 19, 2021
  • 0
  • 1210 Views

Познатиот македонски стопанственик, дарител и поранешен градоначалник на Град Скопје, Трифун Костовски во последно време е мошне активен на социјалните мрежи.

Костовски во една од своите последни објави на фејсбук напиша:

Почитувани пријатели,Моето појавување на социјалните мрежи беше поттикнато пред сè од желбата да комуницирам со познати и непознати за мене драги лица, да дебатираме на одредени теми, да разменуваме мислење и ако е потребно да прифатиме или дадеме совет. Ова посебно за мене стана императив од моментот кога пандемијата стана дел од нашите животи.

Благодарам на пријателите кои ме примија во своето друштво со кои навистина е прекрасно чувството да размениш насмевка, да приредиш убаво изненадување, да слушнеш и споделиш радости кои се случуваат меѓу луѓето и семејствата и токму во тоа е суштината која јас ја посакувам.

За жал постојат пријатели на социјалните мрежи со отворени и скриени профили и влегуваат непоканети со говор на омр аза, со говор на омал оважување и со говор кој не доликува за еден нормален и чесен граѓанин.

Во овој контекст сакам да ги замолам таквите пријатели кои немаат сила да си го покажат своето вистинско лице, да се тргнат од мојата дневна комуникација, во спротивно јас ќе ги блокирам.

Говорот на омр аза и говорот на ос уда и на вреда за мене се неприфатливи нешта кои јас нема да дозволам да бидат објавувани. Посебно им се обраќам на таканаречените патриоти, кои си земаат за право да судат кој колку и што направил за нашата Македонија.

Сакам да ги подучам дека патриотизмот се брани со заклетва и со дела. За мене е на вредлив патриотизмот кој извира од лица кои имаат матни профили и го шират говорот на ом раза и многу се удираат вгради.

Ја користам оваа прилика да на секој кој ќе се запраша кој сум?, што сум? и каков сум? да му појаснам, багаж кри минален немам!, ниту некогаш во животот ми бил близок.

Затоа кога треба да го вперат прстот на луѓе поврзани со кри минал, ги молам мене нека ме одминат. Не сум тој. Не сум човек кој го спечалил своето богатство од бо лната транзиција во Македонија, туку спечаленото надвор од Македонија сум го донел тука, во Македонија.

Колку сум успеал да го сочувам? Тоа е мој проблем и не сакам со тоа да ве оптоварувам. Колку сум подарил и помагал, и тоа е моја лична работа. Немам потреба да давам отчет никому. Човекољубец сум и нема што не би направил за човек во не волја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *