Баба Магдаленка од Свети Николе остана без покрив над главата – низ солзи бара помош граѓани

  • By klaster3
  • август 25, 2022
  • 0
  • 316 Views

Изминатиов период речиси секојдневно се соочуваме со непредвидливо време проследено со ветрови со голема брзина и поројни дождови, град и по плави.

Метеоролозите и за наредните неколку дена предвидуваат не време низ цела Македонија. Како последица на ваквото време честопати сме сведоци на искр шени гранки, откорнати и паднати дрва, но и попл авени домови и објекти, ср ушени покриви.

Не времето во Свети Николе речиси без покрив ја оставило 83-годишната Магдаленка Колева. Со ниски примања таа едвај врзува крај со крај за живот, а не, пак, да ја поправа куќата.

Соседот ѝ помогнал да добие некакво обеш тетување од Општината, но од таму за ште тата градоначалникот рекол дека ќе дадат само околу 6.000 денари.

„Викам чекај да видам какво е времето надвор. Го гледам плехот, викам ајде само тоа е. Доаѓа на јатрвата снаата, вика, целата куќа е откриена. Почнав да плачам… Ќе ми дале 100 евра. Па не ли го е сра м? Рекол, и кај мене тече, мене кој да ми даде пари да ја покријам… “, вели Колева.

Двајцата синови на Магдаленка по чинале, па кога завршило не времето внуците ја зеле Магдаленка кај нив. Не можејќи да се снаоѓа таму, повторно се вратила во својата куќа.

Куќата ја покриле со најлони колку да ја заштитат од протекување, но сепак ништо не е решено, вели Магдаленка, кога ќе се помисли дека доаѓа период на обилни дождови и снег.

Реагирала противпо жарната служба и дошол еден инспектор и од тогаш никој не видела. Повратен одговор од надлежните не добиле ни таа, ниту соседот. Велеле да се оди во Влада и таму да се поднесат документи.

„Тука беа внукот и внуката, со неа бевме цело време. Вечерта ја однесоа кај нив на спиење, таа вечер таму преноќеваше. Потоа дојде тука, вели, што биде нека биде, таму не можам да се снајдам“, вели соседот.

„И двајцата синови отидоа за две години, сега сум сама. Велат, толку имало во касата пари, да сум одела во Влада да поднесам документи и да ми одобрат.

Епа, утре е зимо, едни дождови ако паднат, снегови, кој ќе се качува горе да прередува? Да сум одела во Влада, јас не можам тука до продавница да отидам… “, додава Колева.

„Сега од каде ќе најдам, од каде? Тој што ќе работи, нема за џабе да работи, треба да се плати. Од каде да платам со 10.000 пензија? Тражам помош, кој може да ми помогне… “, апелира Колева.

Уште денес вели, соседот, ќе оди во Општината, што ќе донесат одлука, тоа ќе биде. Апелираат на помош од хумани граѓани.

Оние кои сакаат да помогнат на 83-годишната Магдаленка Колева може да го контактираат нејзиниот внук на телефонскиот број или да донираат на жиро – сметката на Магдаленка.

Целиот видео прилог може да го проследите на МНет Телевизија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *