Антонија заработува 12.000 евра месечно и тоа работејќи само два дена во неделата

  • By klaster3
  • април 14, 2022
  • 0
  • 352 Views

Минатата година Антонија Греам стана интернет сен зација по видеото во кое се шегува на сметка на големиот стомак и килограмите, а тоа видео и помогна да ја добие работата од соништата.

Имено, таа сега заработува и до 12 000 евра месечно само со снимање видеа како јаде. 25-годишната девојка на тој начин ја замени улогата на мајка и домаќинка со работа која вклучува консумирање висококалорична храна пред камера.

Овие кадри ги нуди на публиката на платформата „Онлифанс“. Антонија работи само два дена во неделата и тврди дека нејзините снимки воопшто не се експл ицитни.

„Повеќето од барањата се оценети како целосно безопасни, воопшто не се бара не пристојна содржина бидејќи моите клиенти не се како обичните мажи. Тие сакаат да ме гледаат како јадам и добивам килограми“, вели таа.

„Најмногу јадам брза храна од популарни ресторани во количина што е доволна за покривање на цело семејство. Јадам околу 3.000 калории за време на еден оброк, а тоа дефинитивно го оптоварува организмот“, додава таа.

„Наплаќам 10 фунти за минута за видео што го снимам, а работам само во понеделник и петок, но го имам луксузот често да ги прескокнувам тие денови.

Бидејќи работам само кога ми требаат пари, заработувам околу 10.000 фунти месечно додека некои луѓе во овој бизнис заработуваат и над 30 000 фунти“, објаснува Антонија.

Антонија вели дека нејзината најголема страст е да го направи светот подобро место за покрупните луѓе, а истакна и дека оваа работа не треба да се работи само заради пари.

„Оваа работа исто така претставува и огромен прит исок врз моето тело. Потрошив илјадници евра на храна за да го одржувам мојот стомак, но научив и да се прифаќам себеси.

Уживам во тоа, но тоа не е нешто што планирам да го правам засекогаш. Сепак, среќна сум што го изградив моето име во оваа заедница каде што сите се толку љубезни и драги”. заклучи таа.

Антонија, која е мајка на три деца, е популарна и на Тикток, каде ја следат над 350 000 луѓе, а секојдневно објавува видеа кои го слават женското тело и им помагаат на жените да се вљубат во нивниот вишок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *