Добро познато е дека Анета и Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега, зборуваме за периодот пред ситуацијата со вирусот.
За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.
Кога ќе се спомне Анета Мицевска или попозната во јавноста како Анета Молика, секогаш се наидува на одобрение кај публиката. За Анета слободно може да се каже дека е најдобриот глас на фолк естрадата, впрочем тоа го кажува и самата публика.
Анета Мицевска Молика, во својата долгогодишна кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада. Токму вокалот е нешто што ја краси најмногу, иако и нејзиниот физички изглед е за десетка.
Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.
Како што е познато, Анета ужива голема популарност и кај нашите иселеници, па нејзините настапи во дијаспората се мошне посетувани.
Особено они во далечната Австралија каде што често правеше турнеи.
Денес преку социјалните мрежи, поточно преку својата фејсбук страница сподели еден апел во кој што вели:
„Ќе ве замолиме за инфо доколку знаете некој да патува ов Австралија за Македонија, а се работи за млад живот, да се донесат лекарства“