Анастасија: Не сакам да бидам како мајка ми Цеца

  • By klaster2
  • декември 27, 2021
  • 0
  • 322 Views

Популарната пејачка Анастасија Ражнатовиќ проговори за својот приватен живот, кариерата и семејните односи, а го коментираше и тоа што многумина ја споредуваат со нејзината мајка, фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ.

– Секако дека сум горда на мајка ми, но колку и да е убава на некој начин, не е. Некои луѓе не разбираат дека не сакам да бидам како неа.

– Сакам да го изградам моето лично име и да дадам свој печат на сето тоа. Ова е жанр на музика што го сакам приватно, па затоа и тргнав на тој начин – изјави пејачката за К1 телевизија.

– Таа е нашата најголема ѕвезда, но не сакам да бркам по нејзиниот успех. Го сакам тоа што го работам и се трудам да дадам се од себе – додала Анастасија и открила дали ќе сними песна со нејзината мајка.

– Не тоа! Не сакам да испадне дека сакам да направам нешто преку неа, иако таа ми е мајка. Никогаш не сум имала дуети, токму поради таа причина, сакав да си го направам својот пат во овој бизнис – изјави Ражнатовиќ,

А потоа се осврна на врската со нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ и гласините дека се ска рала со снаата Богдана Ражнатовиќ

– Односот на Вељко и мојот е одличен, како и секогаш. Иако е постар од мене, вистината е она што велат дека жените созреваат побрзо од мажите.

– Секако дека сега стана доста сериозен поради семејството, но секогаш сме блиски и такви ќе останеме – изјави Анастасија

– Се сеќавам дека пишуваа дека јас и Богдана се ска равме, но тоа не е точно. Го запознав Вељко со Богдана, нивната врска е навистина прекрасна, како и мојата со нив.

– Ја сакам многу, па би ставила крај на тие гласини дека двајцата сме во тен зична врска, тоа навистина не е така – изјави Ражнатовиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *