Александра од Куманово во солзи: Јас немав детство како сите деца, моја реалност сиромаштијата и миењето садови

  • By klaster2
  • ноември 21, 2021
  • 0
  • 578 Views

Сон на секое дете е да расте со родител, но колку е жрт вата самохрано да се израснат две деца, тоа денес го дознаваме од Илија Спасовски од Куманово кој живее само со две ќерки.

Александра Спасовска има 17 години, од самото раѓање ја пратат лоши моменти, а на четири години била оставена од мајка си во дом заедно со сестра си.

– На мајка ми не се сеќавам, сум пробала да стапам со неа во контакт но таа не сака и кога ми кажаа каква жена е таа јас прекинав, вели Александра.

– Во домот беше многу тешко, имаше лоши деца, имаше моменти кога не напа ѓаа, еднаш се сеќавам една момичка ја напа дна сестра ми а јас ја одбрани, вели во солзи Александра за ,,Срце на Дланка”

Тие морале во дом бидејќи и таткото Ице во тие моменти немал каде да ги згрижи и бил исто така во тешка ситуација, но по некое време успеал да направи една соба и да ги засолни своиоте чеда.

– Живеевме во еден стан, не беше многу голем но таму бевме сите, но потоа мајка ми одлучи да го продаде станот бидејќи тесен беше.

– Ние тогаш ништо не разбиравме мали бевме, но испаднаа некој проблеми и останавме на улица, потоа собиравме по некој денар и го направивме ова што сега го имаме.

– Доаѓа и време за женидба, како и секој нормален чекор, па потоа и дечиња, но подоцна бракот не се трпеше, имавме несогласувања а сопругата избега, вели Илија.

– Бевме во лоши услови, и децата завршија во дом, но не секој родител може да биде родител, таа ги напушти децата, но јас додека сум жив ќе ги чувам.

Ова семејство преживува со минимална социјална помош од која како што велат неможат да се поминат ниту првите десет дена од месецот.

Често се гладни, јадат сув леб, а на Ице му е многу тешко што не е способен да работи физичка работа и да допринесе за семејството.

– Неможам да се вртам, целиот сум вкочанет, а ситуацијата само сатнува полоша, во последен период се ме тера на спиење, вели Ице.

– Децата да не се тие мислам јас не би успеал, јас ги научив да сукаат, да подготвуваат некој јадења, ма ката на се ќе те натера, додава тој.

Јас го немав тоа детство да си играм со кукли и дружба со другарки, моето детство беше окупирано со татко ми и сестричката, вели Александра.

– Што и да треба се ќе работам не дозволувам малата сестричка и татко ми да се ма чат, ја знам состојбата како е, често со ладна вода перам и мијам садови.

– Ние немаме пари, но имаме љубов, таа врска помеѓу татко и ќерка што го имаме го нема никој друг, секогаш ќе сум тука за нив, вели храбрата Александра.

– Најголема желба во животот ми е цртањето, да се занимавам со уметност, но морав да прекинам со училиште бидејќи ситуацијата дома е лоша.

– Број еден проблем ми е струјата, исто така и купатилото кое го немаме, се бањаме во корито, зимо доаѓа а немаме ниту дрва, вели Ице за крај за ,,Срце на Дланка”

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да застане на прави нози и да си го подобри животот тоа може да го сторите на телефонскиот број 077 763 190 или трансакциската сметка во продолжение:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *