Александра е супержена на која маж не и е рамен: Таа е самохрана мајка која работи пет професии

  • By klaster3
  • април 24, 2022
  • 0
  • 466 Views

Александра Живановиќ (35) од селото Божурња кај Опленац е млада жена и самохрана мајка за која тврдат дека ни најспособниот маж не и е рамен. Нема да ви се верува, таа е земјоделец, овоштар, келнерка, но и одличен фудбалер и уште подобар фудбалски судија.

Александра е самохрана мајка која на родителското земјиште одгледува четири хектари овоштарник и има се – од винова лоза, слива, праска, јаболка, вишна и понекоја круша и цреша.

Преку ден работи во овоштарникот, кога ќе падне мрак оди на трета работа како келнер во блиското кафуле, а како фудбалски судија на повик.

– Сега ги прскам сливите, праските и вишните, па се трудам колку што можам. Го работам се она што го сакам – играм фудбал, фудбалски судија сум и работам во кафуле, но се постигнувам.

Синот се вика Матеја има 10 години и оди во четврто одделение, одличен ученик е и тренира фудбал. Александра ретко има слободен момент, а покрај домашните работи, со задоволство им помага и на соседите.

Сè за работата на терен научила од нејзиниот татко кој работел во земјоделски комбинат, па со него секоја година учела како да ја обработува земјата, да закројува дрвца, да сади зеленчук.

Откако татко и се заразил со вирусот, тој веќе нема толкава сила да работи на поле, па најголемиот дел од работата и падна на грб на Александра. Има и две сестри, кои доаѓаат во селото да и помогнат кога ќе можат.

Секоја работа и оди од рака, а особена вештина е закројувањето на овошните дрвца за кое вели дека не е толку тешко, откако ќе се сфати не е комплицирано.

– Главно на праските се остава првата бочна гранка, таа која е блиску до стеблото и на секој цвет ќе има праска, но после ќе се проретчат.

Ова е седма година како ги одгледувам, досега одеше татко ми на пазар ама со оглед на ситуацијата сега ќе мора јас ама ќе се снајдеме, не ми е проблем.

Желба ми е да имам се на имотот и да можам да ја чувам робата, па кога ќе дојде време да ја пласирам, да не ги бркам јас откупувачите, вели Александра.

– Фудбалот ми е најголема лубов, со фудбал се знаимавам сигурно 25 години. Играв до релтивно скоро време, но имав две тешки повреди на колената и сега не се осмелувам да продолжам, објаснува таа.

Сами се прбиваат низ животот со синот, таа ги гледа старите родители но не се жали важно и е да се здрави и живи, а друго сè имаат.

Колегите на работа во кафулето велат дека работи сè, коментираат дека е чудо од жена и велат дека нема слободна минута за неа. Ја знаат како нормална жена, домаќинка, пожр твувана мајка која и игра фудбал и работи како келнер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *