Актерот Гораст Цветковски: Редовно го полнам македонскиот буџет, барем двапати месечно

  • By klaster3
  • јуни 12, 2022
  • 0
  • 356 Views

Како што е познато во јавноста, Гораст Цветковски е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и водител.

Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на Владимир Милчин во 2005 година. Од 2010 година е вработен во Македонски народен театар – Скопје.

Јавноста го памети по многубројните улоги во филмовите „Како убив светец“, „Пусто турско“, „Караула“, „Бунило“, „Трето полувреме“, „Скопје ремикс“, „Во отсуство“, „До Балчак“, „Аудиција“, „Ул. Шекспир 9/1“, „Враќање“, „Збор“, „Медена ноќ“ и други. Со свои улоги остави белег и во ТВ-сериите „Дајте музика“, „Кум“ и други.

Добитник е на наградата АМФИ за актер со најмногу одиграни претстави на матичната сцена во 2010 година, наградата за најпопуларен актер за 2011 година на Златна бубамара на популарноста како и наградата за епизодна улога „Димче Трајковски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогата на Рамбо во претставата „Ничија земја“ во 2018 година.

Освен актерството, Гораст од 2013 година е соосновач и домаќин на невладината организација Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА која има за цел да одговори на потребите на заедницата за развој на видеоигри во Македонија.

Татко е на две деца, а гејмингот е неговата зависност, нешто што го исполнува, па во емисијата Магазин објаснубва дека дома сите ги имаат сите конзоли за играње, во сите можни места во домот, игри, компјутери, се што е потребно за да игра цело семејство.

Со оглед на тоа што е познато лице и што сите го знаат како некој што цело време зборува и се шегува, вели дека професијата му е олеснителна околност во животот.

– Не се сите актери цело време расположени, тоа е човечка особина. Јас знам актери коишто приватно се тишлери, молери, бравари коишто се секогаш весели и расположени.

Јас сум си направил таков имиџ за мене, дека кога ќе сакам да кажам по чина некој, луѓето хаха еве го овој пак глупости ќе тресне, така што тој тип на енергија го имам.

Не ми пречи искрено, дури ми одговара. Убаво ми е кога луѓе гледам дека се задоволни, среќни, дека оставам таков впечаток. Особено ми одговара кога ќе дојдам на шалтер во некоја јавна установа, полиција кога ќе ме застане.

Едноставно кога ќе ме видат многу им е потешко да ми пишат казна или да ме тргнат на страна или да не ми завршат работа. Мене не ми пречи да ми пишуваат казни и ми пишуваат.

Јас редовно го полнам македонскиот буџет барем двапати месечно дали со шепа, дали со паркинг. Не ми е криво што ги плаќам казн ите, криво ми е што 99% од времето кога ме казн уваат жена ми е со мене, вели Гораст.

Сопругата му е фотограф по професија и на времето кога постоеше магазинот „Ред“за време на првата македонска акт-фотосесија од мажи меѓу моделите се нашол и тој. Притоа сите мажи на фотографиите требало да бидат голи, па вели дека баш тој момент бил клучен за сопругата да го избере за партнер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.