Актерката Шехтанска: Децата ги родив на мои 24 односно на 28 години, што за денешно време е доста рано

  • By klaster2
  • април 14, 2022
  • 0
  • 391 Views

Катерина Шехтанска – Лаковски е позната македонска актерка, водителка и балерина. Која долги години е на македонската јавна сцена.

Била членка на балетското студио „Ребис“. Живее во Скопје, каде е мажена и е мајка на две деца. Ќерка е на познатиот македонски актер Александар Шехтански.

Таа зад себе има неколку големи улоги во филмови, а исто така добро позната е и од серијалот на македонските народни приказни.

Овој пат таа беше гостин во емисијата ,,Шоу Магазин” на Сител телевизија каде отворено зворуваше за кариерата, нејзините почетоци, како и приватниот живот.

– Занимавањето како балерина беше моја прва и најголема љубов, таму започна се, патот и клучот за многу врати понатаму во животот.

– Имав од кого да учам доста, имав можам да кажам строги родители, израснав во патријахално семејство каде доста се почитуваше зборот на родителот.

– За разлика од сега и тоа што го гледаме како растат децата. Јас сум растена по друг принцип, но нема така да ги растам и моите деца.

– Можам да кажам дека опшеството сега налага други стандарди, но она основното мора да се почитува, вели Шехтанска пред објективот на ,, Шоу Магазин”

– Имав розаво детство, ми беше убаво, но морав да внимавам што правам. Секогаш татко ми поради презимето велеше ,,Внимавај што правиш”

– Што се однесува до храната гурман сум, приготвувам доста работи и специјалитети, но повеќе би сакала да уживам во храната отколку да ја готвам.

– Јас сакам традиционална храна, додека децата сакаат брза храна. Децата ми се сега во развој, Филип ќе полни 17 години а Клеоника 13.

– Децата ги родив на мои 24 односно на 28 години, што за денешно време е доста рано и така си растев и ја со нив, додава Катерина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *