Штипјанецот Љупче: Соседот ми го навредува и се зaкaнувa без причина на моето мало дете

  • By admin
  • февруари 21, 2023
  • 0
  • 123 Views

Татко на тригодишно дете, секојдневно се соочува со притисоци од страна на неговиот сосед кон неговиот син.

Пред камерите на М-Нет телевизија, штипјанецот Љупче раскажува као подолг временски период еден од неговите соседи секојдневно упатува нав реди и за кони кон неговиот малолетен син и тоа без причина.

Вели дека пријавувал во полиција многу пати до сега, за да се стави крај на ваквиот проблем.

„Имам проблем јас тука со едно лице, бидејќи многу пати имаше ситуации да ми вреѓа дете, јас имам тригодишно дете, јас се грижам за него како секој родител и едноставно он секојпат ми прави проблеми што ми го вреѓа детето, тоа дете не е криво во животот.

Многу пати се случуваше да дојдат и полициски службеници, да интервенираат, еве и сега бев во Полициска станица бидејќи јавно ми навредува дете“ – вели Смилев.

Посета во два часот по полноќ, навреди на малолетното дете, статуси и слично се само дел од работите со кои се соочува Смилев и неговото семејство. Бара од надлежните институции да преземат мерки за решавање на проблемот кој трае подолг времеснки период.

„Пријавив во полиција, кажав на службено лице дека треба да преземат мерки оти ова не се случува еднаш или двапати, туку многупати. Ако институциите не превземат нешто за такви работи, треба ли јас самоволно да преземам мерки и направам некаква глупост.“ – додава Смилев.

За настанот потврдија и од СВР Штип. Во писмено соопштение истакнаа дека пријава има, ама и дека недоразбирањата се надминати.

„ На 16.01.2023, Љ.С.(25) од Штип побарал интервенција на полиција на улица „Борис Крајгер“ во Штип поради наводни недоразбирања со друго лице.

Полициски службеници излегле на местото и извршиле разговор со Љ.С., кој притоа изјавил дека во меѓувреме ги надминале недоразбирањата и дека не сакал да се преземаат мерки, по што се потпишал на службената белешка.“ – стоеше во писменото соопштение од СВР Штип.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет тв.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *