Чедо од Куманово: Често сме гладни со мама, 4 години живееме без струја, би сакал да работам

  • By klaster2
  • декември 5, 2021
  • 0
  • 876 Views

Чедо Бранковиќ од Куманово е 28 годишно момче кое што живее во не хумани услови со својата мајка, откако сите го напуштаат тој се повлекува во себе и не се чуствува добро.

– Бев многу приврзан со мојата баба и ја изгубив, тоа беше голем загуба за мене. Во средно образование, децата започнаа да се поддеваат со мене, ме малтре тираа и ми ги земаа парите.

– Ми ги земаа парите што ми ги даваше татко ми за ужина, од и онака малата социјална помош. Тоа го пријавив кај директорот, децата ги опоменааа но задевањата продолжија и така беше три години.

– Сето тоа се одрази врз моето здравје и да ми се случат некој промени. Живеам во лоши услови, немаме струја веќе четири години, вели Чедо пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Работев во една фабрика 11 години, таму имам стаж, но од таму заминав, станав неспособна за работа, ми рекоа да си доплаќам за да имам за пензија, но од каде да плаќам за стаж, вели мајка му Весна.

– Дополнително ситуацијата ми се вло ши кога татко ми легна во постела и финансиската состојба беше лоша тогаш пад нав во депре сија, вели Чедо.

– Не огабија, ни зедоа се што имаме и еве веќе 15 години чекаме оштета, но веќе ја загубив довербата во судството, додава Чедо.

– Татко ми од ден на ден тонеше се повеќе и повеќе, Брзата помош често одбиваше и не сакаше да дојде кај нас, спремав документи за да го оденсам на лекување во Скопје, но пред два месеци тој замина во вечноста.

– Попот не сакаше да земе пари за опевот, а се уште сме должни за неговото испраќање, и за сите други обврски што ги спремавме за да го испратиме на другиот свет, додава Бранковиќ.

Ова семејство зема социјална помош од 6.000 денари, кој стигнуваат само за јадење за неколку дена, често се гладни и јадат по народните кујни. А се перат со ладна вода.

– Кога ќе заврне посилен дожд, протопува од сите страни па ставаме кофи во собите, од креветите излегоа федери и не е удобно за спиење, вели Весна.

– Се разбирам од компјутери, би сакал да работам со тоа во иднина и секако куќата да си ја средам за да имам услови за живот, вели за крај Чедо.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа може да го направите на сметката 210501751057338 или на телефонскиот број 077 568917 Чедо Бранковиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *