Големо број Македонци во потрага по подобар живот се одлучуваат да ги спакуваат куферите и среќата да си ја побараат преку границите.
Во последните години како една од дестинациите за сезонска работа стана привлечна Хрватска, а пред се станува збор за гранката угостителство и туризам.
Македонските работници котираат високо на листата на странски работници кои годинава дошле на работа во Хрватска.
Па така годинава, до 31 јули, Хрватска издала 77.205 дозволи за странски работници, а од тој број, повеќе од една третина се од Босна и Херцеговина.
Ова се податоци од МУП на Хрватска кои ги објави порталот Бауштела.хр, а ги пренесоа низа регионални медиуми.
Според статистичките податоци, меѓу најбараните занимања за кои е дадено позитивно мислење во периодот од јануари до август 2022 година се оние кои се однесуваат на градежништвото.
Според податоците на МУП, годинава најголем број дозволи за престој и работа се издадени на државјани на Босна и Херцеговина (23.799), Србија (13.764), Македонија (7.468), Непал (7.141) и Косово (5.407).
Меѓу дејностите во кои работат најмногу странски државјани, градежништвото предничи (29.702), потоа угостителството и туризмот (26.211), индустријата (9.467), транспортот и врските (3.765) и земјоделството и риболовот (1.678).
Кај градежниците најмногу градежни работници (6.476), потоа ѕидари (5.194), градежници (3.359), столари (3.299), бравари (2.265), заварувачи (2.231), фасадери (2.161), арматура работници (1.757), електричари (1.727) и монтери на градежни елементи (1.645).