(ФОТО) Љупчо Николовски дуваше свеќички – роденденот го прослави надвор од Македонија

  • By admin
  • август 24, 2022
  • 0
  • 98 Views

Актуелниот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски иако е релативно млад веќе долги години е на македонската политичка сцена.

Во февруари 2014 беше назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев.

За време на своето професионално и политичко усовршување, Николовски се стекнал со Диплома за специјализација во политички менаџмент на Нов Бугарски Универзитет, во рамките на програмата Бугарска школа за политика и Совет на Европа.

Министерот Николовски е магистрант на Програмата за магистерски студии за административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”.

Министерот често патува работно, па така беше и пред неколку дена кога беше во Словенија, а ја откри и причината за тоа:

Од отварањето на 60 годишнината од Агра 2022. Голема е честа да присуствувам на Агра 2022, еден од најпрестижните и позначајни саеми во Централна Европа, за земјоделство и храна.

Нашата добро прочуена македонска храна, и квалитетното македонско вино ќе бидат претставени пред Европа и светот.Убеден сум дека ќе ја претставиме нашата земја во најдобро светло.

На својот личен профил пак Министерот објави дека токму таму го прославил својот роденден:

Благодарам на сите за честитките. Вчера, Агра и јас, имавме роденден во ист ден. Затоа, покрај нашата традиционална кујна имаше и торта.

Македонскиот штанд беше најпосетен а нашиот ајвар, мед, вино, грав, афион и конзервирани производи не веројатно изненадување за сите. Благодарност до тимот за овој момент

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *