Македонската репрезентација на најдобар можен начин запиша уште една историја за македонскиот фудбал. Во првиот историски дуел со една од најмоќните светски репрезентации избраниците на Игор Ангеловски стигнаа до сензационална победа над Германија од 1-2 среде Дуисбург .
Македонија, наспроти доминацијата на домаќините, ги шокираше Германците уште во финишот на првото полувреме со погодокот на капитенот Горан Пандев благодарение на асистенцијата на Енис Барди.
И конечно првиот обид на македонската селекција кон противничкиот гол во 40. минута. Езгијан Алиоски изведен слободен удар од околу 30 метри од левата страна од аут-линијата, топката незгодно отскокна пред домашниот гол но Тер Штеген успеа да одбрани.
Сето тоа, дополнето на крај со извонредна акција во втората минута од судиското продолжение преку голот на Горан Пандев за водство од 0-1 на полувремето.
Во вториот дел, повторно одлична агресивна, цврста игра пред нашиот гол не дозволувајќи ниту една шанса за фаворитите. Се до 62. минута, кога Алиоски стартуваше врз Сане, а за рускиот судија тоа беше пенал. Сигурен реализатор од белата точка беше Гундоган за израмнување во 63. минута на 1-1.
Но, тоа не ги „здрма“ избраниците на Игор Ангеловски, кои секогаш знаеја да бидат опасни кон противничкиот гол. Па во 76. минута очигледен пенал за Македонија по играта со рака пред својот гол на Емре Чан. Но рускиот судија Карашев не суди удар од белата точка.
Сепак, казната за Германците следи во 85. минута по одличната акција на Аријан Адеми и новиот „тика-така“ гол на Елиф Елмас за 1-2.
Германската јавност е изненаден од конечниот резултат на денешната средба на која Македонија приреди големо изненадување во Дуизбург.
Репрезентацијата на Германија го запиша првиот пораз во квалификацискиот циклус за Мунсијалот во Катар. Горан Пандев и Ељиф Елмас ѝ пресудија на една од најтрофејните селекции на сите времиња.
Јоаким Лев доживеа прв пораз во квалификациски натпревар за Светско првенство првпат откако седна на селекторската позиција. Ова воедно е и прв неуспех за Германците од 2001 година, кога беа декласирани од Англија.
Поради ова Македонија вечерва се најде во центарот на вниманието на светската јавност. За големата победа пишуваат не само регионалните и европските медиуми, туку и светските.
Во продолжени погледнете само дел од насловите.