(ФОТО) Фросина Ременски со голем потег – влезе во кујна и израдува 300 семејства

  • By admin
  • февруари 24, 2021
  • 0
  • 1412 Views

Поранешната министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски уште еднаш покажа дека е голем хуманитарец.

Таа вчера на својот профил на фејсбук се пофали и сподели:

Ден посветен за нашите сограѓани од Шуто Оризари. Во Општинска Народна Кујна Шуто Оризари готвиме со вредните ентузијасти и домаќинки за 300 семејства на кои им е потребна храна.

Ременски потоа во нова објава поопширно објасни за што станува збор:

Хуманоста и солидарноста како цивилизависки вредности мора да ги негуваме сите како граѓани и да го негуваме и видиме човекот во секој наш сограѓани, без никакви разлики и дискриминација.

Ако едно дете е гладно, тоа не може да мисли на игра, на учење и на училиште. Тоа е ранливо во секој поглед.Семејствата што живеат на работ на егзистенцијата и се борат да обезбедат храна имаат потреба од нашата помош.

Денес во Шуто Оризари видов како функционираат ентузијасти и домаќини во вистинска смисла на зборот. Благодарна сум што ја прифатија мојата понуда за помош што ми значи и мене, и на нив и на заедницата.

Во Општинска Народна Кујна Шуто Оризари со песна готвевме заедно со тетка Перјан, Сафија и Неврија.Подготвивме и спакувавме 320 оброци и по парче торта за мојот 44 роденден.

Пред народната кујна не пречекаа повеќе од 300 жители на Шуто Оризари. Редот пред дистрибуцијата ја правеа Марсел и Селдат, а храната ја дистрибуиравме со Анет, Фадиљ, Ружди, Ќамуран и Шенго. За фото беше одговорен Фуат.

За истакнување е што сите вработени во Општината Шуто Оризари со голема љубов и посветеност одвојуваат еден час од работното време за дистрибуцијата на храната за своите сограѓани.

Посебна е посветеноста на Fatima Osmanovska без која многу од работите во кујната нема да бидат така.Моето прекрасно искуство ќе го повторувам секогаш кога треба и може да се помогне за нашите сограѓани.

Ги повикувам сите хумани граѓани, јавни личности и функционери да помогнат за секоја хумана активност што ќе израдува деца и семејства.Ако го искорениме гладот, можеме да кажеме дека сме направиле нешто за заедницата и човекољубието.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.