Кој е Мишко Иванов – новинарот кој вчера прв го пронајде Сашо Мијалков

  • By admin
  • февруари 24, 2021
  • 0
  • 4632 Views

Откако беше распишана потерница по некогашниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, тој вчера се појави во јавноста.

Прв кој го пронајде и веднаш даде изјава е новинарот Мишко Иванов од Телевизија ТВ24. Она што ги поврзува Иванов и Мијалков е тоа што и двајцата се по потекло од Штип.

Пред неколку години Мишко Иванов објави дека повеќе нема да биде уредник на информативните програми на ТВ24, откако неговата сопруга Тања Стојановска Иванова беше назначена за член на Извршниот комитет на СДСМ.

Иванов е новинар од 1997 година, а сега јавноста го препознава преку неговата авторска емисија, „Патот до успехот“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *