(ФОТО) Сузана Гавазова: Се исплаши жалната

  • By admin
  • јуни 20, 2022
  • 0
  • 107 Views

Една од најпознатите македонски пејачки Сузана Гавазова што се вели ја има буквално секој ден во медиумите, а има и зошто – поточно со причина.

Популарната Сузе освен што е надарена за музика и пеење едноставно знае да привлече внимание на себе, нешто што умешно го прави, пред се преку социјалните мрежи.

Изминатата седмица беше актуелна поради својот одмор на во соседна Грција, поточно на островот Миконос од каде што објавуваше фотографии од плажа во бикини, но и без нив што наиде на бројни реакции.

Гавазова поради тоа реши да се огласи и да упати директна порака до оние кои ја спомнуваа, пред се во не гативен контекст и притоа им порача:

„Читам коментари за мене и не ми се верува колку грди зборови можат да напишат некои луѓе (воглавно мажи) и се прашувам зошто?

Вие што мислите, зошто? Кај нас жената е многу навредувана и тоа не е во ред! Размислете малце пред да напишете глупост! Почитувајте го тоа што е ваше! Барем со молчење ве молам!

За Сузана Гавазова буквално нема застој. Што се вели не може крајот да и се најде. Откако мерките опуштија таа постојано е со настапи, како кај нас така во странство.

Бројни настапи веќе ја очекуваат како што рековме како кај нас така и во странство, па одморот со сопругот и ќерките заврши.

Гавазова објави дека се врати назад од Македонија па сега одморена и со свежи сили ја очекуваат нови работни задачи.

На својот профил на Инстаграм објави видео како од непосредна близина снима змија која за нејзина среќа избега и притоа напиша:

Ох, се исплаши жалната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *