(ФОТО) Синот на Пандев прослави роденден – покажа каква торта направи мама Надица

  • By admin
  • април 22, 2022
  • 0
  • 160 Views

Како што е познато, најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев откако по настапот на ЕП кажа збогум на нашиот националне тим се посвети на клупската кариера.

Пандев како што е познато на последниот ден од зимскиот преоден рок реши да ја промени клупската средина, но не и државата.Имено Пандев и понатаму останува во Италија, но Џенова ја замени со Парма, однсно Серија А со Серија Б.

За Пандев е познато дека од 2009 година е во брак со сопругата Надица и имаат две ќерки и еден син кои се неговото најголемо богатство.

Веќе добро познато е дека Горан Пандев од 2009 година е во брак со прекрасната Надица, со која имаат три дечиња и тоа синот Филипо, ќерката Ана и најмалата ќеркичка Софија, родена во 2018 година.

Сопругата Надица и приказната како се запознале е интересна, а Пандев вели дека таа успеала за момент да го победи фудбалот.

„Сакав само да играм фудбал, не ме интересираше ниту училиште, ниту девојките премногу.Сепак Надица е мојата животна сопатничка, мојата љубов, а не запозна еден заеднички пријател. Имам прекрасно семејство и три деца што се родени во Италија. Филипо во Милано, Ана во Неапол и Софија во Џенова“, раскажа Пандев за ТВ Џенова.

Неодамна во едно интервју за „Женски Магазин“, говореш и самата Надица како функционираат.

-Воопшто не е лесно да се одржи една нормална семејна атмосфера. Горан повеќе време поминува надвор од дома. Тренинзи, натпревари, патувања. Тие се неизоставен дел од неговата професија.

Со децата имаме големо разбирање за неговата професија. Истовремено ја знаеме и ја почитуваме неговата вредност. Се трудиме сите проблеми, кои се јавуваат како и во секое семејство, да ги решиме на свој начин.

И што е најважно со договор и разбирање. Се вложуваме максимално да живееме во топла семејна атмосфера.

Најмногу сум горда на голот што го постигна против Грузија, кој нé однесе на Европското првенство. Тоа е голема радост и за нас и за Македонија. Среќна сум што му се оствари тој голем сон“, рече Надица Пандева.

Пандев од социјални мрежи користи само Инстаграм каде што знае неретко да сподели некоја приватна фотка, како што беше случајот и сега.

Имено Пандев вчера го славеше роденденот на својот син Филипо кој наполни 12 години, а притоа објави и како изгледа родеденската торта која најверојатно ја подготвни мама Надица.

Горан сподели фотка на која се гледа тортата декорирана со јагоди врз кои стои свеќички во форма на бројот 12.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *