(ФОТО) Се случи свадбата на годината во Охрид: Познатиот кошаркар и турската актерка среде езеро на брод стапија во брак

  • By admin
  • јули 2, 2022
  • 0
  • 444 Views

Откако кошаркарот на Кливленд кавалирс, Џеди Осман, во септември во Кападокија ја побара за жена својата девојка, актерката Ебру Шахин, вчера се случи и садбата.

Осман кој речиси секое лето го посетува Охрид истото го направи и годинава, но со уште поголема причина, а тоа е стапување во брак

Како и тшо беше најавено, вчерашниот ден, 1. јули засекогаш ќе остане врежан во меморијата на кошаркарот на Кливленд кавалирс, Џеди Осман и неговата избраница, славната турска актерка Ебру Шахин, со оглед што се венчаа среде Охридското езеро и тоа во родниот град на НБА-ѕвездата и репрезентативец на Турција.

На скромна забава пловејки со брод низ Охридското Eзеро, се одржа венчавка, со која тие ја крунисаа својата љубов со брак.

На забавата беа присутни педесеттина луѓе, роднини и пријатели, меѓу кои и познати актери од Турција. Бродот пловеше два часа низ Охридското езеро, а на градското пристаниште дојдоа да ги испратат и отпоздрават и локалните жители на Охрид.

Но, овие моменти ќе ги паметат и стотици туристи и локални жители, кои беа во можност да се радуваат со среќната двојка, додека таа минуваше низ охридскиот плоштад и на пристаништето, пред да се качат на брод заедно со најблиските роднини и пријатели.

Осман и Шахин за една недела ќе направат и голема свадбена забава и тоа во турското одморалиште Чешме, каде што и првпат се запознале.

Џеди е роден во Охрид од татко Турчин и мајка Босанка од Нови Пазар, а во Македонија живеел во првите години од своето детство, пред да се пресели во Сараево, а потоа и во Турција.

Тој има постар брат Џанер, кој пред десетина години настапуваше за младинската репрезентација на Македонија, како и за неколку прволигашки екипи од нашата земја.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.