Доколку сте изгледале барем две прес-конференции на министерот за здравство Венко Филипче од почетокот на корона-кризата, сигурно сте налетале на некој од креативните коментари на неговата најголема обожавателка Lide Lide.
Низ времето, нејзините коментари станаа симбол на Live видеата од обраќањата поврзани со вирусот, разведрувајќи ја негативната атмосфера во јавноста со изразување љубов кон министерот или некоја креативна покана за кафе.
Таа често пати јавно преку социјалните мрежи и медиумите изрази отворена желба да оствари средба и да се запознае со Венко, па и да испие кафе.
Популарната Лидија, која на социјалните мрежи е претставена како Лиде Лиде често знае да се најде во коментари на објави кај министерот за здравство Венко Филипче.
На почетокот од пандемијата, Лиде Лиде беше редовна со коментари на прес конференциите на министерот, па во една прилика кога беше гостин во нашата емисија го прашавме Филипче, дали ќе има и средба со Лиде Лиде.
Министерот остана на ветувањето, а Лиде Лидер на социјалните мрежи објави фотографија на која пишува „конечно го сретнав“.
И двајцата поради коронавирусот на себе носат заштитни маски, а таа на Лиде Лиде е уникатна и со натпис „Лиде Венко“.