(ФОТО) Познатата новинарка Цеце Николова собра храброст и покажа дека е без коса

  • By admin
  • март 29, 2021
  • 0
  • 1388 Views

Новинарката Цеце Николова е добро познато лице на гледачите од малите екрани. Сите ние ја знаеме Цеца онаква каква што се појавува на малите екрани.

Но вчера Цеце собра храброст и реши да сподели со своите следачи на Инстаграм една голема тајна за својата реалност.

Мала дигресија.Сакав да ви кажам нешто.Ова сум јас.Драго ми е што се упознаваме.

Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа – со коса, кратка.

Ама, кај мене никогаш нешто планирано не се десило. Одувек. Пркни малку, падни многу, пркни повеќе – падни највеќе.2021-ва дојде. Ја, еве, се сликам без перика.

Ова сум јас, луѓе.Малку се преморив од перики и све што носат тие со себе. Многу внимавање, многу стрес (непотребен) – мрежа се гледала, корен немало, се лизга, ќе ми падне, овој ме гледа, оној примети, онаа рекла се занасам нешо…

Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се уми ра!Само, еве, изгледам како што изгледам. Ама, фалабогу што изгледам како што изгледам.

Ова не е ништо друго освен многу работа на себе, многу, многу стрес преживеан, многу работи извадени од под тепих – заборавени една деценија, и вртење на еден нов, многу вистински животен лист.

И, стварно нема поубаво од кога ќе се прифатиш каков што си.Ама нека не ве лажат, лесно не е ич.

Ова нејзина објава ја споделија голем број луѓе, позната и не така познати од кои што добиваа поддршка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.