(ФОТО) Пандев го покажа своето најголемо богатство, па со приватен авион слета во Македонија

  • By admin
  • мај 29, 2021
  • 0
  • 26551 Views

Како што е познато македонската фудбалска репрезентација ја очекува пласман на Европско првенство за што веќе отпочнаа подготовките.

Главна ѕвезда во нашиот национален тим дефинитивно е капитенот Горан Пандев кој заслужено доби неколку дена плус одмор по сезоната во Италија со тимот на Џенова.

Пандев од 2009 година е во брак со сопругата Надица и имаат две ќерки и еден син. Тие се неговото најголемо богатство.

Maкедонската фудбалска репрезентација испиша историја на чело со капитенот Горан Пандев, кој го даде победничкиот гол против Грузија. Македонија конечно оди на Европско првенство. Но што прави Пандев кога не е на терените? Кое е неговото најголемо богатство и безрезервна поддршка?

Веќе добро познато е дека Горан Пандев од 2009 година е во брак со прекрасната Надица, со која имаат три дечиња и тоа синот Филипо, ќерката Ана и најмалата ќеркичка Софија, родена во 2018 година.

Сопругата Надица и приказната како се запознале е интересна, а Пандев вели дека таа успеала за момент да го победи фудбалот.

„Сакав само да играм фудбал, не ме интересираше ниту училиште, ниту девојките премногу.

Сепак Надица е мојата животна сопатничка, мојата љубов, а не запозна еден заеднички пријател. Имам прекрасно семејство и три деца што се родени во Италија. Филипо во Милано, Ана во Неапол и Софија во Џенова“, раскажа Пандев за ТВ Џенова.

Неодамна во едно интервју за „Женски Магазин“, говореш и самата Надица како функционираат.

-Воопшто не е лесно да се одржи една нормална семејна атмосфера. Горан повеќе време поминува надвор од дома. Тренинзи, натпревари, патувања. Тие се неизоставен дел од неговата професија.

Со децата имаме големо разбирање за неговата професија. Истовремено ја знаеме и ја почитуваме неговата вредност. Се трудиме сите проблеми, кои се јавуваат како и во секое семејство, да ги решиме на свој начин.

И што е најважно со договор и разбирање. Се вложуваме максимално да живееме во топла семејна атмосфера.

Најмногу сум горда на голот што го постигна против Грузија, кој нé однесе на Европското првенство. Тоа е голема радост и за нас и за Македонија. Среќна сум што му се оствари тој голем сон“, рече Надица Пандева.

Вчера Горан Пандев како светските фудбалски ѕвезди заедно со својата фамилија со приватен авион пристигна во родната држава.

Тој објави фотка од Инстаграм на која позираат неговите три деца кои се најголемо богатство пред авионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.