(ФОТО) Нашите познати ТВ лица пристигнаа во Турција: Најавуваат настан за паметење за нашинците таму

  • By klaster3
  • мај 12, 2022
  • 0
  • 503 Views

Веќе добропознатите водители на емисијата „Везилка“ која се емитува на Алфа ТВ, Адријана Алачки, Ирена Спировска и Благоја Грујовски, им приредуваат изненадување на Македонците пред екраните.

Важеше за позната македонска пејачка, но сега најмногу ја препознаваат како водителка, тоа е Адријана Алачки која со години наназад остана да биде добро препознатлив лик пред тв камерите.

Адријана Алачка од пејачка, се префрли во водителството и продолжи како ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.

Токму емисија „Вкусот на традицијата“ е нешто по кое ја препознаваат и важи за заштитно лице. Алачки често на Фејсбук споделува моменти од снимањето на емисијата во кое е очигледно дека ужива.

Ирена Спировска важи за најангажирана водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава жена.

Според претходните најави, се подготвува нова емисија на Везилка заедно со нашинците во Измир и Маниса, но истовремено ќе се одржи и манифестација во која Елена Велевска, Благоја Грујовски и Стефче Стојковски ќе ги забавуваат Македонците.

„Збратимените општини Чашка и Чили(Измир, Турција) во рамките на својата соработка покренаа една голема манифестација што ќе се одржи од 13 до 15 мај во Измир.

Обемот на овој настан ги надмина рамките на меѓуопштинската соработка и доби многу пошироко значење. Во тие денови во Измир ќе има голема семакедонска средба на повеќе нивоа.

Нашата експедиција ќе биде составена од претставници на владата, на бизнис заедницата,на општините Чашка, Струмица и Маврово-Ростуше, пратеници, фолклорни групи и естрадни уметници.

Ова треба да биде почеток на трајно поврзување на многуилјадната македонска дијаспора во Турција со татковината. Делегација на општина Чили, престојуваше во Македонија при што во владата имаше работна средба со македонскиот тим за организација на настанот“, стоеше во објавата на Грујовски.

Адријана сподели слики на социјалните мрежи заедно со Ирена Спировска, фолк-пејачката Елена Велевска и музичарот Стефче Стојковски, па напиша: Екипата пристигна во Измир, се подготвува спектакуларен настан во организација на општина Чашка, Велес и општина Чили во Измир. Настан за паметење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.