(ФОТО) Д-р Вело Марковски покажа што му подари сопругата Евгенија за роденден

  • By klaster3
  • мај 12, 2022
  • 0
  • 366 Views

Инфектологот Вело Марковски долги години важи за еден од врвните стручњаци во својата област уште од времето на некогашна Југославија. На македонската јавност и стана познат со своите излагања, видувања, стручни анализи, препораки по појавата на вирусот.

Како еден од најстручните инфектолози и искусен професор, тој често гостуваше во медиумите, а неговите емисии предизвикаа внимание и надвор од нашата држава.

Добро познато е дека Вело Марковски е во брак со својата помлада сопруга Евгенија Николовска – Марковска со која имаат две деца – син и ќерка.

Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.

Пред извесен период Вело и Евгенија решија за магазинот Бекстејџ да зборуваат за тоа како започнала нивната врска, какви се предрасудите и како се согласуваат во бракот.

– Се запознавме на факлутет таму јас предавав тоа беше еден тажен период, Евгенија беше една од најдобрите студенти и бев изненаден од нејзиното знаење.

Тогаш и предложив да помага да ми биде асистент. Траеше неколку месеци тоа познанство и дојде тоа некако спонтано, вели професорот Вело.

– Има многу предрасуди во опшеството кои се наметнати од религијата. Проблем е бидејќи имаше и има уште дофрлување без да се знае суштината, секоја врска си е посебна.

Имаме многу девојки кои се веќе во поодминати години и тој мајчински инстикт го немаат, а со тоа околу 20-30 000 жени нема да родат со што би се одразило на наталитетот.

– Клучот на успешен брак е толеранција и почитување и љубов, во одреден сегмент од животот една од овие три работи може да ги заборавите но потоа да ги надокнадите, завршува доктор Марковски.

Д-р Вело е романтична душа и често знае да и посвети некоја поема или да запее песна на неговата сопруга, Евгенија, а јавноста е запознаена од објавите на социјалните мрежи.

Но, ни вниманието и љубовта на Евгенија кон Вело не изостануваат, па така, по повод роденденот на професорот на 11ти мај, сопругата го изненадила со за него очекуван подарок. Имено, му подарила тениски рекет.

Според негови претходни изјави, докторот често спортува и игра тенис со другарите, па подарокот несомнено ќе му се најде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *