(ФОТО) Македонски дрес од Кире Лазаров заврши во рацете на Новак Ѓоковиќ

  • By admin
  • април 23, 2022
  • 0
  • 466 Views

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето на турнирот што се игра во Белград, Србија Опен откако во полуфиналето го совлада Карен Качанов со 2:1 во сетови и тоа со 4:6,6:1,6:2.

И овој пат Ѓоковиќ славеше со пресврт откако го губеше првиот сет, но за разлика од дуелите со сонародниците Ѓере и Кецмановиќ кога се мачеше во вториот и третиот сет, овој пат против Качанов прикажа убедлива игра.

Во првиот сет, двајцата тенисери го чуваа својот сервис се до последниот десетти гем кога Качанов успеа да направи брејк што значеше освојување на сетот со 4:6.

Во вториот сет, Новак одигра фанастично освојувајќи пет гема во низа со убедливи 6:1. Третиот сет започна со брејк на Ѓоковиќ а потоа направи уште еден за водство од 4:1 со што беше јасно дека ќе триумфира и ќе обезбеди пласман во финалето.

На крајот славеше со 6:2 и во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Андреј Рубљон и Фабио Фоњини.

Новак Ѓоковиќ со уште една изјава потврди дека не размислува за скоро да стави крај на играчката кариера.

„Јас се чувствувам помладо од тоа што го кажуваат моите години. Тие се само бројка за мене. Го сакам тенисот и сакам да играм уште долго време.

Меѓутоа за да го направам тоа морам да ги задржам мотивацијата и дисциплината на високо ниво. Знам дека луѓето очекуваат постојано да победувам, но тоа не е возможно.

Веќе направив доволно во кариерата, што доколку сакам, денеска би се пензионирал. Сепак, сè уште се чувствувам мотивиран и инспириран.

Сакам да играм пред луѓе, овде во Србија имам единствена можност за мене, а ваквите можности ме исполнуваат со добра енергија. Сакам да бидам овде, сакам да се натпреварувам.

„Би сакал наскоро да дојдам во Македонија. Многу слушав за Скопје и за Охрид од моите родители“, порача во едно интервју Ѓоковиќ неодмна.

Потсетување тој имаш е аудио честитка за нашите фудбалиер кои ја победија Италија во бараж мечот за пласма на СП.

По дешениот мечо во Белград средба со популарниот Ноле имаше македонскиот новинар Бошко Тасиќ кој имаше подарок за него.

Имено Тасиќ му подари на Новак дрес од македонската ракометна селекција со број 7 кој го носи капитенот и нашиот селектор Кире Лазаров.

Фото: фејсбук Бошко Тасиќ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.