(ФОТО) Ламбе сподели фотка со своето најголемо богатство – славеше со убав повод

  • By klaster3
  • мај 16, 2022
  • 0
  • 440 Views

По неколку години апстиненција од медиумите, поп-пејачот Ламбе Алабаковски периодов повторно е актуелен откако пред неколку месеци реши да се врати од Америка и да остане во Македонија.

Тој се вивна на врвот на музичката кариера после победата во далечната 2004 во шоуто ,,Плеј”. Но, тогаш кога сите мислеа дека ќе продолжи со музиката тој одлучи да замине во Америка.

– Кога заминав за Америка сето тоа се случи спонтано, сопругата таму живееше долги години, решив да заминам да пробам.Сум се тестирал самиот себе си, дали било право тоа што сум заминал а потоа и што сум се вратил.

– Еве после шест години се вратив овде. Животот во Америка беше убав период во мојот живот. Се посветив на семејството.

– Откако сум во Македонија сега се чувстувам како никогаш да не сум бил надвор. Убаво ми е, дома си е дома точна е таа изрека. Нема место како што си дома каде што си израснал.

Фамилијата, односно семејството откај сопругата се вратија тука, па одлучивме да смее заедно и да се вративме. Искрено сакавме и децата да ни растат тука, да ни израснат во оваа средина.

– Пред некоја недела настапував во Битола на еден собир, по настапот ја прашав Каролина како звучи а таа ми рече исто како возење велосипед го учиш и го знаеш цел живот не можеш да заборавиш.

– Работам на доста нови проекти, почнав да настапувам низ Македонија, ќе излезат нови песни а се надевам таму во септември дека и албум ќе излезе.

Ламбе е во брак со сопругата Магдалена и заедно имаат двајца синови – Михаил и Димитриј. Помалиот Димитриј го добија пред две години дури живееја во САД.

Во едно свое интервју Ламбе призна дека и двајцата имаат нешто на него – помалиот сака да игра, а поголемиот веќе имал слух за музиката и би сакал од оваа година да го запише на музичко училиште.

– Ќе видиме ако има афенитети, желби за музика зошто да не. Па барем ако не се занимава со музика да знае клавир да свири. Гледам дека има слух, но не се знае дали ќе има желба, изјави Ламбе.

Очигледно помалиот син Димитриј досега не бил крстен затоа што Ламбе доцна синоќа сподели убава вест на социјалните мрежи и напиша:

“Вие кои во Христа се крстивте во Христа се облековте” (Гал. 3:27) Крштевка на помалиот син Димитриј.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.